Чекор 1: Избришете историја од вашиот веб-пребарувач
Започнуваме со едноставните чекори – отворете го вашиот веб-прелистувач (на пример Safari) и отидете во Settings. Потоа, најдете ја опцијата за Clear History & Website data. Напомена – ова ќе ве одлогира од вашите омилени веб-страни.
Чекор 2: Проверете ги вашите апликации
Податоците кои се складираат од апликациите може да ги исчистите на следниот начин:
- Одете во Settings > General > Storage & iCloud Usage.
- Кликнете на Manage Storage.
- Одберете апликација која зема многу место
- Погледнете го делот Documents & Data. Доколку апликацијата тежи повеќе од 500MB, вреди да ја избришете и инсталирате повторно

Чекор 3: Рестартирајте го вашиот телефон
Во најголемиот дел, iOS ефективно ќе ја менаџира вашата меморија. Сепак, убаво е од време на време да направите рестарт за да го освежите уредот. Практикувајте го ова еднаш на неколку недели.
Чекор 4: Симнете апликација за чистење на вашиот телефон
Ова не е задолжително, но постојат различни апликации кои може да ви помогнат. Внимавајте и симнете некоја од бесплатните – освен реклами, најчесто нудат целосни функционалности како и платените верзии, кои може да чинат до 20 долари.