Иако на 7 август Samsung дефинитивно нема да го претстави обновениот Galaxy Fold, покрај Note 10 серијата, компанијата ќе претстави нов таблет, како и нов паметен часовник.
Како што веќе се запознавме со неговите спецификации, паметниот часовник на Samsung ќе доаѓа со променет дизајн и две важни функции, слични на оние на Apple. За жал, една од највозбудливите карактеристики на Watch Active 2 уредите ќе биде оневозможена до 2020 година. Станува збор за ECG апликацијата, која сеуште не е официјално одобрена. Станува збор за апликација која е од голема корист за сопствениците, бидејќи може да забележи неправилни работења на срцето.

Сепак, и покрај тоа што може да биде оневозможена кратко откако ќе бидат уредите претставени, Samsung ги промовира како паметни часовници со нови и подобрени карактеристики, особено во областа на фитнес и здравје.