За да ја покажеме цената во уште попозитивно светло, интересен факт е што може да купите два Galaxy A70 уреди за цена на еден S10 Plus. По најповолна цена, дури и пониска од 20.000 денари, A70 може да го најдете во Ledikom.mk по цена од 18.500 денари.
Покрај популраните премиум смартфони, Samsung реши оваа година да посвети и поголемо внимание на своите уреди од средна класа. Додека ја очекуваме Note 10 серијата, компанијата претстави неколку буџетски телефони, меѓу кои и Galaxy A70. За голем дел од корсниците, станува збор за најдобриот уред од средна класа, кој нуди моќни перформанси и прекрасен дизајн, а сепак има ниска цена. Ајде да се запознаеме малку подобро со него:
Почнувајќи од можеби една од најзначајните карактеристики, на предната страна уредот има голем, 6.7 инчен Super AMOLED панел со резолуција од 1080 x 2400 пиксели, висок 20:9 сооднос и заштита со Corning Gorilla Glass 3. За работите да бидат уште поинтересни, скенерот за отпечатоци се наоѓа под дисплејот – карактеристика која ретко ја имаат буџетските смартфони. Во однос на перфоманси, скенерот работи одлично, има брзи реакции, за само неколку секунди.

Како дополнување на тоа, предната страна е стаклена, додека задниот дел има пластична конструкција. И покрај пластичната конструкција, овој телефон доаѓа во четири интересни бои – корална, сина, бела и црна, кои му даваат премиум изглед. По наше мислење, белата е најпривлечна меѓу нив:
Продолжувајќи со премиум спецификациите, на задната страна се наоѓаат три камери – 32 мегапикселен, 8 мегапикселен и 5 мегапикселен сензор. Секој од нив има различна функција, а заедно овозможуваат квалитетни фотографии при ниска светлина, остри бои и, се разбира, одлични портрети. Селфињата ќе биде поддржани од предната камера од 32 мегапиксели, која се наоѓа на горната страна на т.н notch.

Финално, ги имаме внатрешните спецификации. Се разбира дека и тука Galaxy A70 не разочарува. Повторно, и покрај тоа што е уред од средната класа, работи на доволно моќниот Snapdragon 675, во комбинација со 8GB RAM, 128GB меморија и батерија од 4500 mAh. Оваа батерија поддржува брзо полнење со полнач од 25W. Благодарение на оваа батерија, уредот успеа да постигне 25 часа гејмање, гледање видеа и постојано користење со само едно полнење. Заедно со дисплејот и камерите, ова е дефинитивно уште една од неговите најдобри спецификации.