Смартфон камерите станаа неверојатно дбори во последните неколку години и најверојатно во одредени ситуации можат да произведат еднакво добри фотографии како оние направени со професионални апарати. Се разбира, тие ситуации не вклучуваат свадбена прослава, каде правењето слика со телефон може да ги уништи професионалните фотографии на фотографот кој бил ангажиран за настанот. За жал, токму тоа направила една девојка, која за малку не го уништила најважниот момент на свадбата.
Hannah Stanley, фотографот кој бил најмен за свадбата, сакала да го фати најважниот момент кога таткото ја носи својата ќерка до олтарот, кога од нигде и никаде еден iPhone уред ја уништил прекрасната слика.
По свадбата, фотографот напишал долга изјава на Facebook, која стана вирален хит.
“До девојката со iPhone уредот…
Не само што ја уништи мојата фотографија, туку го одзема и најважниот момент од младоженецот, невестата и нејзиниот татко. Што точно планираш да правиш со таа слика? Сериозно. Да ја зачуваш? Да ја испринташ? Да ја гледаш секој ден? Не. Дефинитивно нема да правиш ништо од тоа. Но, невестата од друга страна ќе ја испринтала фотографијата, ќе ја гледала секој ден и ќе ја потсеќала на еден од најважните моменти во нејзиниот живот. Наместо тоа, ти реши да го блокираш мојот поглед за да направиш слика која најверојатно никогаш нема да ја искористиш. Гости, ве молам прекинете да ги доживувате свадбите преку вашите екрани и наместо тоа уживајте во церемонијата. Затоа, оставете ги фотографите да си ја вршат својата работа, а вие опуштете се и уживајте во овој настан кој се случува еднаш во животот.”
Целата изјава може да ја видите тука.