Доколку треба накратко да го опишеме, за Galaxy A60 би рекле дека е буџетска верзија на S10, но со дисплеј и батерија со капацитет како Galaxy S10 Plus 5G. Токму затоа, слично како A70, во моментот A60 е еден од најдобрите смартфони од средната класа, кој иако нуди перформанси слични на оние на флегшип уредите, неговата цена е прифатлива за сите.
Како и останатите уреди во A серијата на Samsung, во моментот, уредот е достапен во Ledikom.mk:
- Galaxy A60 (2019) – 17,200 ден.
Еве како A60 се разликува од останатите телефон на пазарот:
Најпрво, ќе го споменеме системот од три камери на задната страна. На него се наоѓа главната камера од 32 мегапиксели, придружена од широкоаголна камера од 8 мегапиксели и трет сензор од 5 мегапиксели. Во комбинација, овие сензори нудат квалитетни фотографии од различен вид – портрети, пејзажи, групни селфиња и слично. Се разбира, предната камера е еднакво добра и е од 16 мегапиксели.
Продужувајќи со камерите, уште една интересна карактеристика е што на предната страна има дупка во панелот во горниот лев агол која е наменета токму за селфи сензорот. Како што рековме погоре, A60 има голем дисплеј од 6.3 инчи со резолуција од 1080×2340 пиксели и висок, 19.5:9, тело-дисплеј сооднос.
Иако прво се зборуваше дека скенерот можеби ќе биде под дисплејот, сепак Samsung се реши за посигурната верзија и го смести на задната страна до камерите. Неговите перформанси се брзи, точни и лесно претпознатливи за корисникот.
Бидејќи сепак станува збор за буџетски уред, неговата конструкција е пластична, но сепак Samsung се погрижи да изгледа малку поубаво и поелегантно со боите во кои е достапен. A60 доаѓа во нијансирана сина, портокалова и нежно розева боја.
Последно, го имаме хардверот. Во внатрешноста на A60 се наоѓа Snapdragon 675 со 6GB RAM И 128GB меморија. Сами по себе, ваквите спецификации веќе нудат одлични перформанси. Но, за искуството на корисникот да биде уште подобро, оваа конфигурација Samsung ја има искомбинирано и со прилично голема батерија од 3500mAh.
Како што рековме, Galaxy A60 е веќе достапен од јуни, а неговата цена во Ledikom.mk е само 18,990 денари.