Откако компаниите најдоа нов начин на сместување на селфи камерите на предниот дел, смартфон индустријата започна да бара и нова алтернатива на целосен дисплеј без никакви рамки. Поранешниот директор на дизајн секторот на Apple, Jony Ive, пред неколку години изјави дека неговата цел е да произведе iPhone кој ќе изгледа како да е целосно изработен од стакло.
Додека визијата на Ive сеуште не е станата реалност, денес на твитер се појавија информација дека друга смартфон компанија е еден чекор поблиску до ваквиот дизајн.
Најпрво, во изјавата се зборува дека Samsung неодамна откажа проект наречен Full-Display 2.0. Тимот кој работел на овој проект имал цел да произведе all-screen дизајн без notch или дупка. За жал, ваквата одлука на Samsung била ‘сериозна грешка’, бидејќи кинеските компании веќе имаат креирано вистински all-srceen смартфон чие производство ќе започне наскоро.
Станува збор за компанијата Vivo и новиот NEX 2 смартфон. На фотографиите кои се појавија се забележува голем, флексибилен екран без никакви рамки и без никаква “пречка” на горната страна. Истотака, не се забележува ниту селфи камерата. Тоа значи дека најверојатно овој уред ќе доаѓа со некаков систем на лизгање или вртење. Се разбира, освен ако компанијата не смислила и нов, иновативен начин за позиционирање на камерите. Скенерот за отпечатоци најверојатно се наоѓа под големиот панел.

Компанијата сеуште ги нема споделено плановите за овој уред, како и кога ќе биде претставен. Но, мора да признаеме, изгледа навистина уникатно.