Apple Watch серијата е една од најпродаваните серии на паметни часовници во светот. Оваа година, знаеме дека компанија планира да ја претстави новата верзија на 10 септември, истовремено со iPhone уредите.
Новата верзија ќе има сличен изглед како минатиот модел со edge-to-edge AMOLED дисплеј. Истотака, знаеме дека ќе бидат достапни две варијанти – една со дизајн од титаниум и една со керамички дизајн. Ќе има и две големини, од 40mm и 44mm и ќе работи на WatchOS 6.
