Доколку некогаш ви е потребно да скенирате QR или бар код со вашиот уред, постојат неколку начини на кои може да го направите тоа:
Скенирање QR код на Android

Откако ќе го активирате Google асистентот, треба да кликнете на Lens иконата. Потоа, насочете го вашиот смартфон кон QR кодот и Lens автоматски ќе го детектира.
Истиот процес е и за бар кодови – вклучете Google Lens и насочете кон кодот.
Скенирање на Samsung Galaxy уреди

Скенирањето на овие уреди е лесно бидејќи Samsung ја има имплементирано оваа функција во самиот оперативен систем. Се што треба е да ја активирате камерата и повторно да го насочите уредот кон кодот.
Скенирање код на iPhone

На iPhone и iPad, истотака може да корстите Google Lens за скенирање, но потребно е да имате инсталирано Google App. Доколку не сакате да ја инсталирате, логирајте се преку вашиот профил и побарајте ја “Lens” иконата.
Но, најлесниот начин за скенирање на iOS е дефинитивно преку корсистење на Camera апликацијата. Друго ништо не ви е потребно. Дури не е потребно ниту да направите фотографија. Откако камерата ќе препознае дека станува збор за код, сама ќе го скенира.