Пред неколку месеци, заедно со другите уреди од P30 серијата, Huawei го претстави и P30 Lite. Овој смартфон е наменет за луѓето кои се во потрага по солиден телефон, но со разумна цена.
Предности:
- Изгледа убаво исто како P30 Pro
- Три камери
- Голем панел
- Компактен
Доколку сте фан на P30 уредите, но вашиот буџет не ви дозволува да бидете сопственик на флегшип моделите, токму затоа постои P30 Lite. Овој смартфон може да го најдете во Ledikom.mk по одлична цена од само 13,500 денари.
Ова се главните карактеристики со кои ќе го привлече вашето внимание:
На прв поглед, P30 Lite изгледа речиси исто со P30 Pro. Се разбира, компанијата има направено неколку промени во неговиот дизајн со цел да добие пониска цена, но најважниот дел е што го има истиот привлечен изглед како неговите поскапи верзии. Станува збор за стаклена конструкција, придружена од пластична рамка која го прави лесен за држење и неверојатно компактен. Иако се смета за уред од средна класа, има голем, 6.1 инчен панел со резолуција од 1080×2312 пиксели. Селфи камерата е од 24 мегапиксели.
Кога сме кај камерите, неговата главна продажна точка е системот од три сензори кој се наоѓа на задниот дел. Иако неговата цена е 15 000 денари, Huawei се има погрижено да имплементира одлични сензори кои нудат квалитетни фотографии. Системот е составен од 48 мегапикселен, 8 и 2 мегапикселен сензор.
За неговите солидни перформанси ќе се погрижи Hisilicon Kirin 710 процесорот со 4GB RAM и батеријата од 3340 mAh.
Доколку сте заинтересирани, може да одберете меѓу сина, црна и бела верзија. Нашиот фаворит е синиот модел.