Samsung веќе го најави Exynos 9825 како подобрена верзија од Exynos 9820 во S10 семејството, а неговите бенчмаркинг резултати се појавија заедно со новиот Note 10+. Слично како Samsung и Asus го претстави својојт нов гејмерски уред ROG II кој според резултатите е значително побрз од Note 10. Овој смартфон работи на Snapdragon 855+.

Како што може да се забележи, на AnTuTu ROG Phone 2 постигна резултат од 401844, што е значително повеќе и од Note 10+ со 344544 поени, и од S10+ со 331252 поени.