Sony го претстави својот нов смартфон – Xperia 5! Овој уред се појави само четири месеци по неговиот претходник Xperia 1. Да погледнеме колку работи може да се променат за толку краток период:
Sony Xperia 5 се смета за компактната верзија на Xperia 1. Новиот телефон сеуште има голем панел, од 6.1 инчи, но дефинитивно покомпактен од 6.5 инчниот на Xperia 1. Тело-дисплеј соодносот е 21:9.

Да го погледнеме хардверот:
Sony Xperia 5 доаѓа со моќниот Snapdragon 855 и 6GB RAM, но истата конфигурација ја има и неговиот претходник. Истотака, Xperia 5 има три камери – сите од 12 мегапиксели. Исто е и кај Xperia 1. Двата имаат и селфи камера од 8 мегапиксели. Очигледно, тука нема големи промени. Всушност, единствената разлика е во екранот. Не само големината, тука и резолуцијата. Новиот 6.1 инчен панел има резолуција од 1080 x 2520 пиксели, додека стариот 6.5 инчен има 1644 x 3840 пиксели. Бидејќи екранот е помал, ваквата резолуција е нормална.
Се на се, Xperia 5 не е многу различен од Xperia 1. Истотака, не е ниту многу помал, но можеби малку потенок и покомпактен.
Најголемата разлика? Xperia 5 очекуваме да биде значително поевтин. Цената на Xperia 1 е околу 999 долари.