Давајќи го уникатното име на уредот, One Zoom има 8 мегапикселна камера со OIS и телефото леќа со 3x зум. Доколку ова не е доволно, постои и сензор со 10x зум.

Кога сме кај камерите, Motorola One Zoom доаѓа со главен сензор од 48 мегапиксели кој има 4-во-1 технологија. Со оваа технологија, сензорот спојува четири пиксели во еден со цел да произведе поквалитетни фотографии. Заедно со него има и 5 мегапикселен и 16 мегапикселен сензор. Истотака, содржи и Night Mode за подобри фотографии при ниска светлина. Инаку, се на се на задниот дел се наоѓаат четири камери.

Преминувајќи на предниот дел, уредот доаѓа со 6.4 инчен OLED Max Vision дисплеј со 19:9 сооднос и резолуција од 2340 x 1080 пиксели. Во внатрешноста се наоѓа Snapdragon 675 со 4GB RAM и 128GB меморија. Батеријата е од 4000 mAh и поддржува брзо полнење од 15W.
One Zoom ќе биде достапен во сива, виолетова и бронзена боја по цена од 429 евра.