Samsung Galaxy M20 е еден од поновите уреди на компанијата, кој е достапен по цена од само 8.590 денари во Ledikom.mk.
Почнувајќи од неговиот дизајн, Samsung ретко знае да згреши во однос на изгледот на панелот. Galaxy M30 нема AMOLED дисплеј, но сепак нуди квалитетни бои со својот 6.3 инчен панел со резолуција од 1080×2340 пиксели. Како и повеќето уреди на Samsung, на горниот дел има notch каде се наоѓа селфи камерата.

Уште една карактеристика со која Galaxy M20 привлекува внимание е неговата голема батерија од 5000 mAh. Благодарение на неа, телефонот може да издржи повеќе од еден ден без полнење при просечно користење. Истотака има и брзо полнење од 15W.

Galaxy M20 можеби нема премиум камери како флегшип уредите, но сепак на задниот дел нуди два сензори од 13 и 5 мегапиксели, од кои едниот е широкоаголен. За селфи фотографиите има камера од 8 мегапиксели. Заедно со камерите на задниот дел се наоѓа и скенерот за отпечатоци.
Достапен е во сина и црна боја. Синиот модел има позабавен изглед, додека црниот е поелегантен.