LG Prime 2 е новиот уред на компанијата кој официјално беше најавен на 1 октомври.
Станува збор за уред од средната класа кој има 5.5 инчен панел со резолуција од 720 x 1440 пиксели и тело-дисплеј сооднос од 73.15 %. Скенерот за отпечатоци се наоѓа на задната страна, а уредот е достапен само во црна боја.
Во внатрешноста на Prime 2 се наоѓа Qualcomm 425 со 2GB RAM и 16GB меморија. Батеријата е од 3000 mAh. Бидејќи станува збор за уред од средната класа, на задниот дел се наоѓа само една камера која е од 13 мегапиксели, додека селфи камерата е од 5 мегапиксели.
Неговата цена ќе биде само 120 долари.