Најновиот уред на Xiaomi доаѓа со безжично полнење од 30W, Huawei Mate 30 Pro e компатибилен со имплеменатција од 27W, a сега дури и iPhone 11 Pro поддржува брзина од 7.5W. Како што може да забележите, безжичното полнење полека, но сигурно станува новиот стандард кај смартфоните – особено флегшип уредите.
При прашањето зашто OnePlus 7T не доаѓа со ваква опција, извршниот директор на компанијата одговори дека веќе подолго време технологијата е тестирана. OnePlus сака безжичното полнење да стане алтернативна на обичниот полнач. Но за жал, при тестирање на технологијата од 30W, компанијата постојано наидувала на проблем со прегревање на уредот.
OnePlus сеуште работи на усовршување на безжичното полнење и се надева дека со OnePlus 8 конечно ќе биде претставено.