Note серијата на Samsung отсекогаш била позната по своите уреди со премиум спецификации. Оваа година, компанијата реши прв пат да претстави два, наместо еден Note уред.
Благодарение на тоа, овој пат уредите повторно имаа еднакво моќни внатрешни спецификации, но корисниците може да бираат меѓу модел со поголем и модем со помал дизајн и панел.
За фановите на големите смартфони, постои Note 10+. Овој уред може да го најдете во Ledikom.mk по цена од 51 000 денари.
Додека внатрешните спецификации се еднакво моќни и кај Note 10 и Note 10+, Note 10+ привлекува внимание со својот голем, 6.8 инчен панел со резолуција од 1440 x 3040 пиксели. И покрај големиот дисплеј, неговите целосни димензии не се толку големи, благодарение на тенките рамки и добрата оптимизација на неговиот дизајн ( 162.3 x 77.2 x 7.9 mm).

Со цел да го поддржи овој голем дисплеј, во внатрешноста на уредот се наоѓа моќниот Exynos 9825 процесор со 12GB RAM и 512GB меморија. Истотака, има и голема батерија од 4300 mAh.
Последно, овој уред нуди уште една карактеристика од голем важност за фановите – одличен систем камери. На задниот дел има систем од три камери од кои две се со 12 мегапиксели и една е со 16 мегапиксели. Со технологијата која ја нудат, корисниците може да прават обични, широкоаголани и телефото слики. Истотака, за селфи фотографиите ќе се погрижи еднакво моќната камера од 10 мегапиксели.