Xiaomi веќе некое време претставува Android One уреди на ист начин. Mi A1 беше глобалната верзија на Mi 5X, а минатогодишниот A2 беше ист со Mi 6X серијата. Всушност, Xiaomi ги презема производите кои веќе постојат во Кина, го менува името и го претставува на глобално ниво.

Со истата формула, оваа година беше најавен Mi A3. Mi A3 е глобалната верзија на Mi CC9e. Овој пат, Mi A3 доаѓа со стаклена конструкција и на задната и на предната страна, голема промена од металниот дизајн на неговите претходници, и има Super AMOLED дисплеј.
Позитивно:
- Android One
- Премиум дизајн
- Солидни камери
- Одлична батерија
Од останатите спецификации, во внатрешноста се наоѓа батерија од 4030 mAh, Snapdragon 665, 6GB RAM и 128GB меморија.
Иако е уред од средната класа, на задниот дел има три камери – главниот сензор е од 48 мегапиксели, вториот е од 8 мегапиксели и третиот е од 2 мегапиксели. За селфи фотографиите присутна е одлична камера од 32 мегапиксели. Достапен е во три нијанси – сина, сива и бела боја.
И покрај сите овие одлични спецификации, цената на Xiaomi Mi A3 е 10.400 денари во Ledikom.mk.