Apple сподели неколку нови бројки на App Store веб-страната и откри дека 50% од iPhone уредите веќе работат на новиот iOS 13 оперативен систем. Овој оперативен систем беше претставен претходниот месец, токму на време за новите iPhone модели. Од тогаш па до денес, компанијата претстави уште неколку помали верзии од iOS 13 со цел да отстрани мали проблеми. Во моментот, најновата од нив е iOS 13.1.3. Се на се, 41% од iPhone уредите работат на iOS 12, додека останатите 9% се на некоја постара верзија.
Бројката, која беше калкулирана од Apple врз база на посети на App Store, истотака покажа дека 55% од iPhone моделите претставени во последните четири години работат на iOS 13. Ова ги вклучува, iPhone 7, 7 Plus, 8, 8 Plus, X, XS, XS Max, XR, 11, 11 Pro и 11 Pro Max. 38% од овие модели работат на iOS 12, а 7% на постар систем. Минатата година во истиот период кога iOS 12 беше најновиот оперативен систем, 60% од iPhone и iPad моделите го имаа инсталирано.