За жал, во последниве неколку години постојано слушаме за смртни случаеви при правење на селфи или обична фотографија. Овој “тренд” започна со “предизвикувачките фотографии” каде млади лица правеа селфиња на високи згради или мостови.
Сега на YouTube се појави уште едно видео кое покажува како целта да се направи добра фотографија може да биде смртоносна. Видеото било сосема случајно направено. На него се наоѓаат мајка и ќерка, каде ќерката сака да направи добра слика од нејзината мајка, но за само една секунда губи рамнотежа и еден чекор ја дели од смртта.