Откако ја претстави Photoshop апликацијата за iPad по цена од 9.99 долари, сега компанијата ја презентираше апликацијата за време на MAX 2019.
Декорирана со различни филтри, ефекти и лажни леќи, Photoshop Camera може да ги однесе вашите фотографии и Instagram постови на едно други ниво. Апликацијата го прави процесот на менување на позадината и додавање предмети неверојатно лесен со моќните алатки кои ги нуди. Покрај ваквите промени, може да се додаваат и слични ефекти како што нуди Instagram апликацијата – се разбира на едно попрофесионално ниво.