Доколку ви треба нов фитнес придружник, кој истовремено е и одличен моден додаток – пристигна Apple Watch Series 5. Овој часовник е достапен во црна, сива и розева боја во зависност од вашиот вкус. Во Ledikom.mk може да го најдете по цена од 27.700 денари.
Како и секоја година, и овој пат заедно со новата iPhone серија Apple го претстави и новиот паметен часовник – Apple Watch Series 5.
Кога прв пат беа претставени овие часовници во 2015-та, продажбата беше спора, но со тек на време станаа омилен додаток меѓу корисниците – и за мода и за здравје.
Дизајнот кој гo има Apple Watch ретко се менува. Овој пат има 1.78 инчен дисплеј со резолуција од 448 x 368 пиксели, стакло од сафир и опција за Always-On дисплеј. Ова значи дека не мора да ја кренете вашата рака за екранот да се упали – позадината ќе биде вклучена постојано.

Овој уред можеби не е многу различен од Watch Series 4 во однос на дизајнот, но дефинитвно доаѓа со голем број додадени функции. Покрај Always-On дисплеј, сеуште е присутен ECG скенерот, а има и функција наречена Fall Detection. Станува збор за многу корисна функција која може да почуствува доколку корисникот се повредил или паднал. Во тој случај корисникот може да го исклучи алармот кој ќе се вклучи доколку е се во ред, а доколку нема одговор самиот часовник ќе повика помош. За да работи како што треба, потребно е GPS локацијата да биде постојано вклучена.

Батеријата на Apple Watch Series 5 доаѓа со безжично полнење и ветува 2 дена издржливост. Во реалност, издржливоста дефинитивно не е 2 дена доколку често го користите. Ако случајно заборавите да го наполните преку ноќ, тогаш најверојатно ќе трае само 1 ден. Сепак за секојдневна употреба тоа е повеќе од доволно, а со безжичната опција полнењето е многу брзо и едноставно.