Исто како iPhone X со својот notch, изгледа дека дизајнот на новите iPhone 11 Pro и 11 Pro Max го подели мислењето на корисниците. На голем дел од фановите не им се допаѓа изгледот на новите уреди, особено на задниот дел и камерите, а на другиот дел не им пречи. Ова е нашето мислење:
Најпрво, мора да признаеме дека како и секогаш, Apple успеа да произведе смартфон и со уникатен дизајн и со уникатни карактеристики. Се разбира, контраверзниот изглед на камерите не е за сите, но е прво нешто што привлекува внимание. Уште поважно, овој пат, новите iPhone уреди, освен iPhone 11, имаат по три камери. Покрај тоа што има поголем број на камери, и квалитето на сликите кои ги прават е променет. Сите три камери се од 12 мегапиксели, заедно со селфи камерата која е повторно од 12 мегапиксели.

Преминувајќи на предниот дел, тука променети не се толку големи. Станува збор за 5.8 инчен дисплеј кој има резолуција од 1125 x 2436 пиксели. Инаку целосно станува збор за стаклена конструкција со челична рамка. Notch-от е сеуште присутен и на него веќе се навикнавме. Друга промена во дизајнот е што покрај сребрена, сива и златна боја, сега е достапна и зелена верзија од iPhone 11 Pro. Од сите бои, оваа е најинтересна.

Како и секоја година, Apple не разочарува со моќноста на iPhone уредите. И овој пат е присутен нов процесор, Apple A13, кој е придружен од 4GB RAM и 512GB меморија. Батеријата е од 3046 mAh и е доволна за да издржи еден ден без полнење.
Со iPhone 11 серијата, Apple реши да ја зголеми водоотпороноста. Сега уредите може да издржат до 4 метри под вода цели 30 минути. Доколку сакате да видите како се покажа водоотпорноста при вистински тестирања, може да кликнете тука.
Нудејќи вакви перформанси и премиум дизајн, па и носејќи го самиот Apple брендинг, iPhone 11 Pro дефинитивно не е евтин модел. Но, доколку сакате најдобра понуда за овој модел, посетете ги продавниците на Ledikom.mk. iPhone 11 Pro во Ledikom чини 67.000 денари и доаѓа со гаранција од 24 месеци.