И покрај тоа што оваа година Sony ја имаше најлошата смартфон продажба досега, компанијата и понатаму планира да претставува нови уреди. Следниот флегшип модел кој го очекуваме од компанијата е Xperia 3.
Xperia 3 се очекува да има моќен хардвер. Уредот ќе доаѓа со 5G конекција и Snapdragon 865. Како што е очекувано, Sony ќе претстави две верзии, сега за сега познати под имињата Kona и Huracan. Најголемата разлика меѓу овие два е што едниот ќе доаѓа со 5G поддршка, а другиот не. Останатите разлики сеуште не се познати.
Заедно со овие спецификации се појави и првата слика од Xperia 3 на кинеската веб-страна CNMO. На долниот дел од сликата се забележува дека скенерот за отпечатоци ќе се наоѓа на задната страна. На горниот дел е прикажан дисплејот, но не можеме да забележиме некои посебни карактеристики за него само од оваа фотографија.
Претставувањето на Xperia 3 го очекуваме во февруари, 2020 година. Останува да видиме дали овој смартфон ќе биде доволно уникатен да се натпреварува со конкуренцијата.