Google Docs не е единствената апликација која компанијата планира да ја подобри оваа недела. Како што кажува насловот, Gmail, апликацијата на Google за е-пошта, ќе добие важна промена и за Android и за iOS.
Најинтересниот дел од новиот update е новата функционалност позната како Dynamic email која им дозволува на корисниците директно да “преземат акција” при читање на мејлот. На пример, може да одговорите на коментар, да потврдите дека ќе одите на одреден настан или да ги костумизирате вашите преференции директно во мејлот.

Друго подобрување кое доаѓа со Dynamic mail е што податоци постојано ќе бидат оптимизирани и кога ќе ја отворите апликацијата информации веќе ќе бидат лоадирани.
Update-тот е официјално достапен од денес и за Android и за iOS.