Samsung ја најави S10 серијата пред девет месеци, но во план има уште еден модел кој ќе биде дел од неа. Станува збор за буџетскиот S10 Lite. Дисплејот на овој уред ќе биде 6.7 инчен, а селфи камерата ќе биде сместена во средина. На предниот дел овој модел повеќе наликува на очекуваната S11 серија, отколку на S10 уредите.
Во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 855 со најмалку 8GB RAM и 128GB меморија како стандард. Батеријата ќе биде од 4500 mAh.
На 12-ти декември Samsung ќе одржи настан на кој ќе биде претставен Galaxy A91, но можеби ќе слушнеме и повеќе информации за плановите на компанијата за S10 Lite и Note 10 Lite.