Почнувајќи од 24 декември, па се до 29 декември, Apple ќе им дава на iOS корисниците по едно изненадување секој ден. Најголем дел од овие изненадувања ќе бидат во форма на бесплатни апликации, кои инаку се плаќаат.
Претходните години Apple имаше годишна промоција наречена “12 Days of Gifts”. Како што кажува самото име, 12 дена пред Божиќ компанијата споделуваше линкови кон бесплатни (платени) апликации, дигитална музика, TV серии и филмови.