Новата година започна пред само три дена, но Samsung веќе ги најави своите нови смартфони.
Galaxy S10 Lite – провери цена во Ledikom.mk
Покрај очигледната конекција со S10 серијата, новиот S10 Lite не изгледа како популарните смартфони на Samsung од 2019 година, бидејќи доаѓа со истиот 6.7 инчен Super AMOLED Infinity-O дисплеј кој беше претставен со новиот A71. Овој панел се карактеризира со импресивно тенки рамки и централна селфи камера. Сензорот е од 32 мегапиксели.
На задниот дел има пластична конструкција со правоаголен систем камери. Станува збор за три сензори со LED блиц кои ги носат фотографиите “на ново ниво” според Samsung. Главната камера е од 48 мегапиксели со подобрена оптичка стабилизација. Другите две камери се од 5 мегапискели и од 12 мегапиксели за широкоаголни слики. Во внатрешноста се наоѓа Snapdragon 855 со 128GB меморија и 6 или 8GB RAM. Батеријата е од 4500 mAh.
Note 10 Lite – провери цена во Ledikom.mk
Note 10 Lite е речиси идентичен со S10 Lite од надворешниот дел – единствена поголема разлика е во камерите. Се разбира, уредот доаѓа со S Pen пенкало и Bluetooth Low-Energy поддршка.
Во внатрешноста се наоѓа Exynos 9810 кој се наоѓа и во S9 и Note 9. Процесорот е придружен од солидни 128GB меморија и 6GB RAM како стандард, но има и верзија со 8GB RAM. Батеријата е од 4500 mAh.
На задниот дел се наоѓа повторно систем од три камери, но е малку поразличен од другите уреди на Samsung. Главната камера е од 12 мегапиксели и доаѓа заедно со 12 мегапикселна широкоаголна и 12 мегапикселна камера за портрети.
Galaxy S10 Lite ќе биде достапен во бела, црна и сина боја, додека Note 10 Lite ќе биде достапен во црвена, црна и бела боја.