Од 7 до 10 јануари во Лас Вегас ќе бидат претставени неколку иновативни технологии и уреди од различни компании, меѓу кои ќе биде и OnePlus. Еден ваков уред ќе биде Concept One смартфонот од кој компанијата сподели краток teaser на твитер.
Како и со секој teaser, краткото видео е исполнето со темнина и различни елементи. Но, самиот крај е возбудливиот дел – задниот дел на Concept One. Уредот има стаклен дизајн и на задниот дел се наоѓа “невидливата камера” за која OnePlus зборуваше пред некое време.
Доколку Concept One се појави на пазарот дефинитивно ќе биде премиум уред. Се произведува во соработка со McLaren, партнер на OnePlus со кој компанијата секогаш претставува скапи смартфони. Заедно со футуристичката технологија, неговата цена дефинитивно ќе биде над 1000 долари.