Samsung работи на нов сензор од 108 мегапиксели кој се очекуваше да биде претставен заедно со S20 серијата. Но, изгледа дека само еден од овие модели ќе доаѓа со него.
Имено, Galaxy S20 и S20+ нема да имаат главна камера од 108 мегапиксели. Овој сензор ќе биде присутен само кај најголемиот од нив – S20 Ultra. Наместо него, S20 и S20+ ќе имаат главна камера од 12 мегапиксели. Samsung користи сензор од 12 мегапиксели уште со S7 кој беше претставен во 2016 година.
Galaxy S20 серијата ќе биде претставена на 11 февруари, заедно со новиот смартфон на преклопување, Galaxy Bloom и нови безжични Galaxy Buds слушалки. Претпродажбата ќе започне на 21 март.