Колку пати во денот го проверувате вашиот телефон? Поголем дел од нас тоа го прават многу често – да проверат нотификација, да одговорат на порака или повик и слично. Според едно истражување во 2017 година, просечниот човек го проверува својот телефон околу 80 пати во денот.
Сега, со новите уреди на преклопување кои се појавија има еден проблем – колку пати би издржале отварање и затворање во текот на денот? Минатата година истиот тест беше направен на Galaxy Fold и уредот издржа неверојатни 199,380 користења.
При истиот тест, целта со Motorola RAZR беше да издржи барем 100,000 отварања. За жал, уредот успеа да издржи само 27,000 пати.