Доколку сте запознаени со дизајнот и спецификациите на OnePlus 7 Pro, тогаш прво што треба да знаете за OnePlus 7T Pro е дека е истиот уред со значително подобри перформанси. Сите заинтересирани може да го најдат OnePlus 7T Pro во Ledikom.mk по цена од 40.000 денари.
Како што рековме, дизајнот на OnePlus 7T Pro е речиси ист со оној на OnePlus 7 Pro. Но, ова не е лоша работа, бидејќи и двата уреди имаат премиум изглед кој им се допаѓа на фановите. На предниот дел ан 7T Pro се наоѓа голем AMOLED дисплеј од 6.67 инчи со резолуција од 1440 x 3120 пиксели, заштитен со Corning Gorilla Glass 5 и со тело-дисплеј сооднос од 19.5:9. Целосната конструкција е стаклена со алуминиумска рамка и е достапен во само една, сина боја во две нијанси. Истотака, скенерот за отпечатоци се наоѓа под самиот дисплеј.

Како OnePlus 7T, и 7T Pro доаѓа со Android 10. Работи на новиот Snapdragon 855+ кој треба да нуди до 15% побрзи перформанси од постариот процесор. Има 8GB RAM и 256GB меморија како стандард. Батеријата е од 4085 mAh и може да издржи целодневно користење без проблем.

OnePlus уредите се смета дека имаат едни од најдобрите камери на пазарот. Станува збор за систем од три камери од кои главната е од 48 мегапиксели, втората е од 8 мегапиксели и е за портрети и третата е широкоаголна со 16 мегапиксели. На предниот дел има камера од 16 мегапиксели.