Galaxy A51 е одличен уред од средна класа кој покрај тоа што има интересен дизајн, има одлични спецификации. Доколку сте заинтересирани, уредот е достапен во класична црна и бела боја и позабавна, розева и сина нијанса. Цената на уредот е само 17.500 во Ledikom.mk
Galaxy A51 имаше голема задача, бидејќи требаше да биде достоен следбеник на A50 – еден од најуспешните смартфони кои Samsung ги претстави во 2019-та. Минатата година Samsung ја редизајнираше целосно Galaxy A серијата, со цел да биде поуспешна во однос на уредите од средна класа достапи на пазарот. Изгледа дека стратегијата беше успешна и компанијата планира да ја продолжи и низ 2020-та.

Лесно е да се направи разлика меѓу A51 и A50 во дизајнот. За разлика до A50 кој доаѓа со Infinity-U дисплеј, А51 има Infinity-O дисплеј. Селфи камерата која е сместена централно овозможува горната рамка да биде уште потенка. Истотака, изработен е од стакло и пластика, исто како другите уреди во серијата. Благодарение на тоа, не изгледа евтино и всушност има премиум дизајн. Уште една разлика која веднаш може да се забележи е на задниот дел. A51 доаѓа со нов систем камери во L форма. Овие камери се одлични за секоја ситуација – има главна од 48 мегапиксели, 12 мегапиксели широкоаголна и две од 5 мегапиксели за портрети. Селфи камерата е истотака солидна, од 32 мегапиксели.

Навраќајќи се на дисплејот, станува збор за 6.5 инчен Infinity-O AMOLED Full HD+ панел со резолуција од 1080×2400 пиксели и 20:9 тело-дисплеј сооднос. Овој дисплеј е дефинитивно повисок од 6.4 инчниот на A50, а рамките се потенки.

Во внатрешноста се наоѓа Exynos 9611, истиот процесор со A50s. Овој процесор, заедно со 6GB RAM се покажа одлично, нудејќи брзи перформанси. Батеријата е од 4000 mAh и со просечно користење може да издржи околу два дена.