Со возбудата околу претставувањето на Galaxy S20 серијата следната недела, другите компании тешко може да стигнат до внимание од фановите за најавувањето на своите нови уреди. Сепак, на твитер деновиве се појавија информации за новите смартфони на OnePlus.
Според твит кој се појави, претставувањето на OnePlus 8 серијата нема да мора да го чекаме до мај. Наместо тоа, овие уреди ќе пристигна многу порано, во март.
Сега за сега, за овие уреди знаеме дека ќе доаѓаат со 120Hz дисплеј со дупка за селфи камерата, Snapdragon 865 и безжично полнење за Pro верзијата.