Huawei P30 доаѓа со notch, Huawei Nova 4 има дупка за селфи камерата, а сега P Smart Z доаѓа со најновата технологија – камера на лизгање. И покрај интересните карактеристики, цената на овој уред во Ledikom.mk е само 12.000 денари.
Благодарение на овој систем на лизгање, селфи камерата од 16 мегапиксели не зафаќа ништо од дисплејот и овој голем панел од 6.6 инчи има минимални рамки и all-screen дизајн со резолуција од 1080 x 2340 пиксели.

Работи на Kirin 710F процесор со 4GB RAM и 64GB меморија. Батеријата е од 4000 mAh. Целосниот дизајн е изработен од стакло и пластика со пластична рамка. Достапен е во зелена, црна и сина боја. Истотака, на задниот дел има уште две камери кои се од 16 и 2 мегапиксели.

Камерата која излегува од задниот дел го прави овој телефон со „шизички“ изглед – односно погоден за конзумирање на видео содржини со огромниот екран, но сепак доволно моќен за перфектните селфи фотографии. Доколку барате телефон за ова лето – ставете го Huawei P Smart Z на вашата листа!