Galaxy M серијата на Samsung е позната по уредите од средна класа кои имаат солидни карактеристики и ниски цени. И новиот Galaxy M30s не е различен. Во продавниците на Ledikom.mk цената на уредот е 13.200 денари.

Најпрво, една од најпривлечните карактеристики на Galaxy M30s е неговата батерија која е со капацитет од 6000 mAh. Ова е најголемата батерија кај било кој уред на Samsung досега. Истотака, доаѓа со брзо полнење од 15W. Уште една одлична карактеристика е што има три камери на задниот дел. Овие сензори се вертикално поставени во горниот лев агол. Главната камера е од 48 мегапиксели, втората е од 8 мегапиксели и третата е од 5 мегапиксели. Селфи камерата е истотака солидна, од 16 мегапиксели.

Преминувајќи на дизајнот, на предниот дел се наоѓа 6.4 инчен дисплеј со notch и тенки рамки. Има резолуција од 1080 x 2340 пиксели со тело-дисплеј сооднос од 19.5:9. Со цел да има пониска цена, на предниот дел има стаклена конструкција, додека на задниот дел има пластична конструкција со пластична рамка. Достапен е во црна, сина и бела боја.