iPhone 9 (истотака познат како iPhone SE 2) ќе биде претставен следниот месец. Но, доколку новите информации се точни, ниту едно од овие две имиња нема да биде неговото официјално име. Наместо тоа, компанијата ќе се реши неговото име да биде само “iPhone” – без никакви бројки и букви до него. Ова е слична стратегија како онаа која Cupertino ја користи за буџетскиот iPad.

Целта позади ваквата одлука е корисниците да не го мешаат овој уред со iPhone XR или iPhone 11. Овој нов модел треба да биде најевтиниот iPhone кој ќе биде достапен. Сега за сега, се зборува дека неговата цена ќе биде околу 399 долари. Официјално ќе биде претставен на 31 март.