Компанијата отсекогаш контролирала што можат и не можат да прават корисниците со своите Apple уреди. Apple секогаш ги брани овие одлуки со објаснувањето дека се за доброто на корисниците.
Првичен пример за тоа се iOS апликациите. Корисниците може да симнат апликации како Firefox и слично, но доколку се кликне на одреден линк, страната првично ќе биде отворена на Safari.
Сега, Apple планира да ја промени оваа полиса. Според новите информации, компанијата ќе им дозволува на корисниците да ги одберат default апликациите на својот уред. Меѓу нив, најважната е за Safari и апликацијата за Mail. Неизненадувачки, дел од корисниците би преферирале Google Chrome и Gmail да бидат нивни default апликации.
Сеуште не е познато кога ќе биде имплементирана оваа промена, но најверојатно ќе пристигне со iOS 14 на есен.