Корона вирусот се шири низ светот со полна брзина и е голема опасност за луѓето. Земјите се обидуваат да го спречат неговото ширење, но вирусот се појавува на се повеќе места. Колку што звучи ова страшно, бидејќи е реално, ваквиот опис е всушност ист како мобилната игра “Plague” која прашува “Дали можете да го заразите светот?”
Пред само неколку дена, како што Корона вирусот продолжи да се шири, Кина конечно реши да ја отстрани оваа игра од App Store. Станува збор за игра која е достапна повеќе од 8 години и има над 130 милиони корисници. Во изјава, Ndemic Creations, компанијата позади играта, изјави дека според кинеската влада, “Plague” има содржина која е нелегална во државата.