Дел од проблемите и одлуките кои Google ги направи минатата година, Pixel 4 серијата не ги исполни очекувањата на фановите. Токму поради тоа, Pixel и Android фановите решија да ја чекаат Pixel 5 серијата, наместо да ги купат Pixel 4 уредите.
Иако процесорите во Pixel 5 уредите, Snapdragon 765G, се интегрирани со 5G модем, ова не спаѓа во еден од флегшип процесорите на Qualcomm. Како резултат на тоа, Pixel 5 уредите всушност нема да се сметаат за флегшип уреди. Бенчмаркинг резултатите покажаа дека Snapdragon 765G има од 30% до 50% полоши резултати од Snapdragon 865.
Најверојатно, Google конечно прифати дека Pixel серијата не е на исто ниво со Galaxy S и iPhone смартфоните. Наместо тоа, овие нови уреди ќе бидат промовирани како поевтина алтернатива од флегшип уредите на двете компании кои имаат цени од 1000 евра.