Очекуван на 24 март, Redmi K30 Pro нема да биде само Snapdragon 865 верзија од Redmi K30. Наместо тоа, се оформува да биде телефон од соништата за сите смартфон ентузијасти.
По чекање со месеци, Xiaomi конечно го најави Redmi K30 Pro. Уредот првично ќе биде претставен во Кина на 24 март. Покрај моќниот процесор, ќе доаѓа и со 256GB меморија, како и 12GB RAM. Истотака, ќе работи на батерија од 4500 mAh. Панелот ќе биде 6.67 инчен, наменет за гејмери. Компанијата сеуште нема потврдено дали ќе биде AMOLED или LCD. Останува да видиме кога официјално ќе биде достапен на глобално ниво.