Според голем дел од фановите, Mi Note 10 Pro е еден од најдобрите смартфони на Xiaomi претставени досега. Овој уред нуди брзо полнење, квалитетни слики, одличен систем камери и издржлива батерија. Самата компанијата го промовира овој уред како смартфон фокусиран на фотографии. Покрај Galaxy S20 Ultra, ова е единствениот комерцијален уред на пазарот достапен на глобално ниво кој има главен сензор од 108 мегапиксели. Се разбира, оваа камера во комбинација со втората камера од 12 мегапиксели, трета наменета за портрети од 5 мегапиксели и четврт макро сензор од 2 мегапиксели, нудат одлични квалитетни, и при обични услови и при ниска светлина. Селфи камерата со 32 мегапиксели, истотака не разочарува.

На предниот дел се наоѓа 6.4 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2340 пиксели, заштитен со Corning Gorilla Glass 5. Има стаклена конструкција со алуминумска рамка и е достапен во зелена и бела боја.

За неговите одлични перформанси ќе се погрижи Snapdragon 730G процесорот со 8GB RAM и 256GB меморија. Батеријата е голема, од 5260 mAh, која во комбинација со процесорот ветува голема издржливост.
Заедно со овие одлични карактеристик и премиум дизајн, цената на Xiaomi Mi Note 10 Pro е 32.000 денари во Ledikom.mk – речиси двојно пониска од цената на флегшип уредите достапн на пазарот.