Galaxy S20 Plus се наоѓа некаде во средина на S20 серијата, и во однос на спецификации, и во однос на цена. Токму затоа, овој уред е најверојатно најдобриот избор за сите оние кои се во потрага по нов телефон со моќни спецификации, но со малку пониска цена од останатите флегшип уреди. S20+ може да го најдете во Ledikom.mk по цена од 49.200 денари.
Најпрво, да ги тргнеме разликите на страна. Бидејќи S20 Ultra може да биде “премногу” моќен и голем за голем дел од корисниците, S20+ е малку потенок, полесен и со помалку нагласен систем камери на задниот дел. Уште поважно, неговата цена е значително пониска.

Спецификациите се истотака променети – го има истиот Exynos 990 процесор со 12GB RAM и 128GB или 512GB меморија, но нема опција за 16GB како кај S20 Ultra. Батеријата е помала, но сепак моќна, од 4500 mAh и поддржува брзо полнење од 25W. Иако е помал, дисплејот на предниот дел дефинитвно се смета за голем со своите 6.7 инчи. Има резолуција од 1440 x 3200 пиксели, тело-дисплеј сооднос од 20:9 и е заштитен со Corning Gorilla Glass 6. Доаѓа со стаклена конструкција и алуминиумска рамка. Достапен е во сина, сива и црна боја.

На задниот дел се наоѓаат четири камери. Од нив, главната е со 12MP, камерата за портрети е од 64MP, ултраширокоаголната е од 12MP и има ToF сензор. За селфињата ќе се погрижи камерата од 10MP.