Најпривлечната карактеристика на овој уред е дефинитивно неговата големина. Додека S20+ и S20 Ultra имаат неверојатно големин панели од 6.7 и 6.9 инчи, регуларниот S20 доаѓа со 6.2 инчен дисплеј – сеуште голем и одличен за користење, но покомпактен. Уредот лежи лесно во рака и може да се носи во џеб. Истотака, достигнувањето на сите делови од панелот е лесно – и оние со помали раце ќе немаат проблем. Иако е помал, доаѓа со стаклена конструкција како останатите два модели и алуминиумска рамка, што значи дека користењето маска за негова заштита е задолжително.

Исто како екранот, неговите внатрешни карактеристики се еднакво импресивни. Работи на Exynos 990 со 8GB RAM и 128GB меморија. Батеријата од 4000 mAh лесно може да издржи цел ден користење, а да се испразни до 35-40%.

Завршувајќи со камерите, иако главната камера од 108MP на S20 Ultra звучи неверојатно, сепак за секојдневни фотографирања и селфиња, камерите на S20 се повеќе од доволни. Уредот има три камери на задниот дел, две од 12MP и една од 64MP, а селфи камерата е од 10MP.

Galaxy S20 е одличен смартфон за оние кои се во потрага по моќен флегшип уред со одлични перформанси, голем дисплеј, а сепак покомпактен дизајн. Може да го најдете во Ledikom.mk по цена од 48.000 денари.