Голема батерија, голем број на пиксели во камерите и голем дисплеј – ова се само дел од одличните карактеристики на Mi Note 10 кои докажуваат дека овој буџетски смартфон дефинитивно вреди да му посветите внимани. Во Ledikom.mk е достапен по цена од 24.600 денари.
Уреди со вакви карактеристики, а со цена под 500 евра е навистина тешко да се најдат. Најпрво, Mi Note 10 нуди голем, 6.5 инчен дисплеј со резолуција од 1080 x 2340 пиксели, заштитен со Corning Gorilla Glass 5. Има стаклена конструкција со алуминиумска рамка и е достапен во црна, бела и зелена боја.
Во внатрешноста на овој смартфон се наоѓа Snapdragon 730G со 6GB RAM и 128GB меморија. Батеријата е истотака навстина импресивна, бидејќи е од 5260 mAh. Благодарение на брзиот полнач, може да се наполни до 58% за само 30 минути. За целосно полнење до 100% се потребни 65 минути.
Се разбира, најимпресивниот дел од Mi Note 10 се камерите. На задниот дел има систем од пет камери – карактеристика која ретко се гледа кај уред со ваква цена. Од нив, главната камера е од неверојатни 108 мегапиксели, исто како кај Galaxy S20 Ultra. Придружена е од камера за портрети од 12 мегапиксели, ултраширокоаголна камера од 20 мегапиксели, 5 мегапикселна и 2 мегапикселна камера. На предниот дел има селфи камера од 32 мегапиксели.