Единствена разлика меѓу Note 9S и останатите флегшип уреди на пазарот е тоа што нема флексибилен екран и рамките се подебели. Инаку, ова е првиот телефон на Redmi со дупка во панелот кој Xiaomi го нарекува DotDisplay. Самиот дисплеј е LCD IPS, од 6.7 инчи со резолуција од 2400×1080 пиксели. На задниот дел се наоѓа стаклена конструкција заштитена со Gorilla Glass 5, исто како екранот. Истотака, има систем од четири камери на задниот дел. Скенерот за отпечатоци не може да се забележи на задниот дел, но тоа не значи дека е под дисплејот. Ова е уште една прва карактеристика за Redmi, скенер за отпечатоци во Power копчето сместено од страна.
Уредот работи на Snapdragon 720G. Овој процесор нуди 40% подобри перформанси од претходните Redmi Note модели. “G” буквата во 720G името стои за “Gaming”, што значи дека има особено добри гејмерски перформанси. Она што е можеби најимпресивно е неговата батерија. Станува збор за капацитет од 5020 mAh, кој дозволува да издржи до два дена без полнење.
Како што спомнавме претходно, на задниот дел има четири камери – 48MP главна, 8MP ултраширокоаголна, една за портрети и 5MP макро сензор.
Цената на Note 9s ќе биде 249 долари.