Апликацијата Zoom стекна голема популарност во последните неколку недели, “благодарение” на социјалното дистанцирање и работењето од дома. Достапна е и на iOS и на Android уредите и е одлична за видео конференции, семинари, онлајн конефернции и слично. Но, изгледа дека iOS верзијата има проблем со приватноста.
Нова анализа откри дека Zoom апликацијата за iOS споделува информации со Facebook. Интересниот дел е што апликацијата може да испраќа информации и доколку немате Facebook профил. Кога ќе ја отворите апликацијата, се конектира на интерфејсот на Facebook. Ова е всушност главниот начин кој вработените во Facebook го користат за да преземаат информации од платформата. Всушност, Zoom го користи SDKs софтверот на Facebook. Но, обично Facebook бара од овие апликации да ги известат корисниците за оваа функција. Политиката за приватност на Zoom спомнува дека партнерите на компанијата автоматски собираат информации, но, Facebook не е посебно наведен.
Zoom испраќа до Facebook информации за моделот на уред на корисникот, временската зона, градот и телефонскиот оператор.