Samsung има таблет за потребите на секој корисник, но на Galaxy Tab S5e дефинитивно му е потребен следбеник. Токму затоа, компанијата го подготви Galaxy Tab S6 Lite.

Уредот доаѓа со 10.4 инчен LCD панел со резолуција од 2000 x 1200 пиксели, тенок дизајн и минимални рамки. Ќе работи на Android 10. Покрај тоа што на него може да се работи со прсти, може да се користи и S Pen пенкало. Достапен е во сина и црна боја.
Под хаубата се наоѓа Exynos 9611 со 4GB RAM и 64GB меморија како стандард, а ќе бидат достапни и 128GB меморија. Батеријата ќе биде од 7040 mAh. На задниот дел има камера од 8 мегапиксели, а селфи камерата е од 5 мегапиксели. Ќе поддржува и WiFi и LTE конекција.