OnePlus е компанија која е позната по своите флегшип смартфони со ниски цени, но во 2015 година компанијата се обиде да претстави уред од средна класа, OnePlus X, кој не се покажа како успешен. Сега, пет години подоцна, OnePlus е подготвена да се обиде уште еднаш.

Според новите информации, компанијата работи на нов уред наречен OnePlus X кој ќе претстави целосно нова смартфон серија. Неговите карактеристики всушност докажуваат дека овој уред ќе биде финалната верзија на OnePlus 8 Lite.
Цената на овој модел ќе биде околу 450 долари и ќе биде директен ривал на Google Pixel 4a XL и iPhone 9 кога ќе бидат претставени. Ќе доаѓа со 6.5 инчен AMOLED дисплеј со селфи камера во средината. На задниот дел ќе има вертикален систем камери во горниот лев агол со главна камера од 48MP, втора камера од 16MP и трета од 12MP.
Се зборува дека OnePlus ќе го замени Qualcomm процесорот со нов од MediaTek. Ќе има и 8GB RAM, како и 128GB меморија како стандард. Батеријата ќе биде од 4000 mAh.