Рутинското полнење на вашата батерија до 100% и оставањето на полнач подолго време може да и наштети на батеријата. Затоа, со iOS 13 има нова опција која може да го спречи тоа. Доколку обично го полните телефонот додека спиете, тогаш Optimized Battery Charging е опцијата за вас. За да ја вклучите, одете во Settings > Battery > Battery Health.

При скролање на Safari, нова Scroll Bar опција се појавува во горниот десен агол и со неа може да скролате побрзо.

Пребарувањето на стари пораки во iMessage секогаш било комплицирано. Сега, тоа е променето. Може да пребарате посебен збор или фраза и резултатот одма ќе се појави.
Во сите апликации на Apple кои дозволуваат пребарување, постои мал микрофон во горниот десен агол. Со него, може да го пребарате вашиот iPhone користејќи го вашиот глас.

Со iPadOS 13.4 може да користите глувче за навигација на вашиот таблет. Се што треба е да одите во Settings > General > Mouse/Trackpad.
Аpple конечно го отстрани ограничувањето за симнување апликации од App Store. Тоа значи дека, доколку сакате, може да симнете игра која е поголема преку користење на LTE. Во Settings > iTunes & App Store > App Downloads може да го исклучите ограничувањето за симнување до 200MB.
