Доколку сте Android фан подолго време, можеби се сеќавате на традицијата на Google редовно да ги ажурира табелите за дистрибуција на софтверската платформа. Речиси без исклучок, компанијата ги менуваше овие податоци на секој 30 дена.
И покрај тоа, не бевме изненадени со одлуката на компанијата да ја прекине оваа традиција во 2018-та, откако дистрибуцијата на Android Pie беше значително пониска од порано. Во моментот, табелата за податоци ги покажува само процентуално активните Android уреди според “големина на екран и густина”. Но, и овие информации се прилично стари, последен пат променети во мај, 2019 година.
Добрите вести се што сепак успеавме да најдеме информации за моменталната платформска верзија. Новиот Android 10 всушност зафаќа помал дел од Pie во мај, 2019-та. Поспецифично, само 8.2% од корисниците ја имаат најновата Android OS верзија на своите уреди.
